Претпладнево на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, а УВ индексот – 7.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степен.

Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

OhridNews