Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h.

OhridNews