Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Охрид сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури. Од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.
OhridNews












