Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 27 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

OhridNews