Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните и источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

OhridNews