Наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.
OhridNews











