Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови.

Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени.

Утре во најголем дел од денот ќе се задржи стабилно време со пораст на температурата. Во ноќните часови, како и во сабота претпладне во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, велат од УХМР.

Најниска температура од минус 12 степени Целзиусови утрово е измерена во Маврови Анови и на Попова Шапка. Следат Охрид, Крушево, Дебар и Тетово со -8, -7 во Претор, -4 Берово, Битола, -3 Прилеп Крива Паланка, -2 Штип, Виница, -1 Куманово, Струмица, Скопје – Зајчев Рид, 0 Демир Капија, 3 Гевгелија.

Како што соопшти УХМР, највисока снежна покривка утрово е измерена во Пожаране -13 сантиментри, потоа 11 во Крушево, 7 Крива Паланка, 5 Охрид, 4 Ѓуриште, 3 Битола, Тетово и 2 во Берово.

OhridNews