Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец.

Во Охрид денес времето сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. И во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

OhridNews