Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

OhridNews