Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 31 степен.

До крајот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот. Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Г.М.