Денеска во земјава ќе биде облачно со услови за слаб дожд. Од запад кон исток ќе премине нестабилна облачна маса и ќе има појава на пороен дожд, грмежи и изолирана појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 15 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, слично време не очекува и во текот на утрешниот ден, односно на почетокот од седмицата.

OhridNews