Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

УХМР соопшти дека денеска во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Од денеска попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст и ќе преовладува стабилно и топло време.

OhridNews