Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Охрид сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.
И во следните денови продолжува периодот на стабилно и претежно сончево време. Утринската температура за време на викендот наместа ќе се спушта под нулата.
OhridNews












