По долгата и ладна зима, пропратена со обилни врнежи од снег и дожд, сонцето е добредојдено за секого. Дел од граѓаните решија да уживаат во сончевите зраци седејќи на клупите на кејот на езерото, некои пак се одлучија за прошетка.

Стабилно и сончево време се предвидува и во текот на наредните денови.

Според прогнозите на синоптичарите во текот на викендот ќе биде сончево, доумерено облачно и топло. Во Охрид минималната температура ќе се движи околу деветтиот степен, додека пак максималната ќе достигне до 23 степени целзиусови.  

OhridNews