Во името на Самостојниот Синдикат за Образование , наука и култура, претседателот на Регионалниот одбор на СОНК, Аце Речкоски, на сите  членови на СОНК, вработени во образовните , културните и научните институции од Охрид и  Дебрца, им упатува честитка за Празникот на трудот и истовремено изразува  желба за што поцврста и пообединета борба во  остварување на работничките и професионалните права и зачувување на работничкото и професионално достоинство.

Речкоски додава дека Регионалниорт Одбор на СОНК   својата сила и моќ ја согледува токму преку силата на обединувањето, не дозволувајќи никакви политички, верски или етнички поделби, упади  или испади  во организацијата  и во  заедничката синдикална цел.

– Токму оттука ќе стоиме  цврсто на браникот на  нашите права, станувајќи притоа  вистински партнер со работодавците од Локалната и од Централната власт.СОНК е значаен фактор  во донесувањето на значајни  закони и законски прописи и така ќе биде и во иднина, затоа што основното начело на работата на СОНК е и ќе биде заштита на правата и чување на достоинството на работникот, нагласува претседателот на регионалниот СОНК.

OhridNews