Основачко Соврание на здружението на превозници „Сонце и Галеби“ се одржа вчера во Охрид. Иницијативата е на автопревозници од Охрид кои сметаат дека се во нерамноправна положба на пазарот.

Главни цели на здружението ќе биде подигнување на угледот, заштита пред надлежните институции и   воведување рамноправен систем на распределба на локалните линии. Особено акцент ќе биде ставен на сузбивање на нелојалната конкуренција.

Новоформираното здружение на превозници упати барање до локалната самоуправа навремено да ги објави огласите за распределба на линиите во летната сезона, со цел да се обезбеди рамноправност на пазарот и квалитетна услуга.

OhridNews