Сообраќајна незгода се случила вчера на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кога патничко моторно возило удрило во метална заштитна ограда, информираат од МВР.

На 08.01.2022 во 17,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид- Св.Наум патничко моторно возило “рено“ со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј.(44) од Охрид, удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Охрид, се вели во полицискиот билтен.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.