Сообраќајна несреќа утрово во 9 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Струга. Според првичните информации од направениот увид од страна на СВР Охрид во несреќата учествувале две моторни возила.
Во несреќата има најмалку четири повредени лица кои се згрижени во болницата Св. Еразмо и во општата болница во Охрид, велат од СВР Охрид.
Увид на несреќата изврши полициска екипа на СВР Охрид, а дополнително треба да се утврдат причините за несреќата.
OhridNews












