На 05.09.2022 во 00.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за Славеј планина, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19 годишно лице од с.Подгорци, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 52 годишна жена од с.Бороец, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
OhridNews












