Во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта повреден возачот кој со автомобил излегол од патот.

На 29.01.2022 во 21.45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај место викано „Карпа“, патничко возилио „фиат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од с.Велгошти, охридско, излегло од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Увид на местото е извршен од страна на увидна екипа од Полициска станица Охрид.

OhridNews