Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил 51 годишен возач на мопед.

На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 33 годишно лице и мопед „Кивеј“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 51 годишно лице, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

OhridNews