Во сообраќајна несреќа вчера во Струга повредени се пет лица.

На 23.08.2021 околу 11.00 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од 36-годишно лице од с.Заграчани, струшко и патничко возило „фиат“, управувано од 47-годишно лице од с.Подгорци, струшко, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата 58- годишна сопатничка од с.Подгорци, а со телесни повреди се здобил возачот од с. Заграчани и уште двајца сопатници во двете возила, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид и Медицински центар Струга, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews