Утрово, во 04 часот и 30 минути, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која 21-годишен охриѓанец се здобил со телесни повреди и е пренесен во Општата болница каде е задржан на понатамошно лекување.


Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, сообраќајната незгода се случила кога, сега повредениот кој управувал патнички автомобил „Пасат“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола врз автомобилот, излетал надвор од коловозот по што удрил во жичана ограда, сообраќаен знак и во куќа лоцирана на истата улица.

Увид на местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител извршија екипи на СВР Охрид.

OhridNews