Сообраќајна незгода се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен.

Вчера 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни  повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди, информираше портпаролот при СВР Охрид, Стефан Димоски

Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.

 

 

ОhridNews