Вчера во 17.20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од Струга и патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49 годишно лице од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило едно лице, возач на патничкото возило Фиат, а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот  и  18 годишно лице, сопатник во возилото „Опел“ ,констатирани во Медицински центар Струга, информираа од МВР

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.