На патниот правец Прилеп–Кавадарци, преку планинскиот премин Плетвар, сообраќајот се одвива отежнато, повремено се пропуштат патнички возила, тешки товарни возила се уште не се пропуштаат, информираат од АМСМ.

На патниот правец Тетово–г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила. На патниот правец Делчево–г.п. Делчево задолжителна е употреба на зимска опрема (синџири) за тешките товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.

OhridNews