На магистралниот пат Охрид – Кичево, вчера во близина на бензинската пумпа „КМР Петрол“  околу 23 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале 4 патнички возила: Мерцедес, Фиќо, Сузуки и Опел Астра, сите со македонски регистарски таблички.

Во несреќата едно лице се здобило со тешки телесни повреди, кое по укажана лекарска помош е пуштено на домашно лекување. Другите учесници во сообраќајката минале со лесни повреди.

Како што соопшти полицијата, до незгодата дошло кога мерцедесот кој се движел кон Охрид со предната лева страна удрил во предната лева страна на фиќото, кое изгубило контрола и преминало на спротивната коловозна лента и удрило во уште две возила.

Во несреќата е причинета е поголема материјална штета.

OhridNews