Според информациите од полицијата, во несреќата што се случила околу 13.15 часот учествувале две товарни возила, марка „Там“ со охридски регистарски танлички и марка „Фиат Дукато“ со скопски регистарски таблички и патничко моторно возило „BMW“ со охридски регистарски таблички. Во несреќата потешко е повредено едно лице кое се се наоѓало во товарното возило „Там“, кое веднаш било пренесено во болница. Во сударот полесно се повредени уште две лица, соопшти СВР Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши сообраќајната полиција, која сеуште ги утврдува причините за сударот.