Сообраќајна незгода во која учествувале автомобил марка Мерцедес со тетовски регистраки таблички и велосипед се случи утрово на булеварот „Туристика“, на пешачкиот премин во близина на пресекот со улицата „Даме Груев“. Причина за незгодата најверојатно е невнимание. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на учесниците во незгодата.

На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција.

OhridNews