Вчера, околу 14 часот и 50 минути кај Подмоље, во близина на Бензинската станица на Макпетрол, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.
 
Во незгодата учествувале едно патничко моторно возило и комбе во сопственост на ЈП Погребални услуги. При тоа, со полесни телесни повреди се здобиле возачот и совозачот од патничкото моторно возило и возачот на комбето. Веднаш по незгодата трите лица биле пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”, по што возачите од двете возила биле пуштени на домашно лекување, а задржан бил совозачот од патничкото возило кој се здобил со повреди на карлицата.


Увид на лице место извршила екипа на СВР- Охрид и истражен судија.  Истрагата првично покажала дека до незгодата дошло поради невнимание, а како што  информираа подоцна од полицијата, се работи  на утврдување на одговорноста на учесниците.


Вчерашната е само уште една во  низата сообраќајни незгоди кои во изминатиот период се случија на овој дел од магистралниот пат Охрид- Кичево. 

OhridNews