Денес, околу 13.30 часот на регионалниот пат Подмолје- Струга се случи сообраќајна незгода во која учествуваа товарно моторно возило со битолски регистарски таблици и патничко моторно возило со охридски таблици.
– За среќа во сообраќајната незгода нема жртви и тешко повредени лица. Предизвикана е само материјална штета кај двете возила, како и оштетување на бетонски електричен столб, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на лице место е извршен од страна на полициски службеници од Полициската станица во Струга. Се преземаат дополнителни мерки за утврдување на причините поради кои се случила сообраќајната незгода.
OhridNews