Полициските службеници за безбедност во патниот сообраќај, на необичен начин им го честитаа празникот 8-ми март на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила.

Сообраќајците на неколку пунктови во градското подрачје, ги застануваа возилата управувани од жени-возачи, при тоа подарувајќи им цвеќе во знак на почит како целна група возачи во сообраќајот.

Полициските службеници од ПС за безбедност во патниот сообраќај, пригодно ќе бидат поставени на неколку  места и ќе се обидат во контакт со припадничките на понежниот пол да им го честитат празникот, односно да им подарат цвеќе во знак на почит. На тој начин ќе се обидеме проактивно како полиција да делуваме и да се приближиме кон оваа целна група.“ – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Околу 35 отсто од вкупната бројка граѓани кои поседуваат возачка дозвола, се жени кои управуваат моторни возила. Како што истакнува Димоски, жените се едни од подицсиплинираните кога станува збор за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Со задоволство сакам да кажам дека всушност жените максимално ги почитуваат правилата и прописите, односно се придржуваат кон нив. Секако дека и во овој контакт ќе се обидеме превентивно да делуваме, да им укажеме на неопходностите од безбедност во возењето и почитување на прописите.“ – додава Димоски.

За денешниот празник, сообраќајната полиција ќе биде вообичаено поставена на неколку пунктови во градот. „Се надевам дека нема да има потреба од репресивно делување. Упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да се прдржуваат кон правилата и прописите.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Инаку, според податоците на СВР Охрид, бројот на лица кои поседуваат возачка дозвола изнесува околу 40 000 илјади.

O.T.