Сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево на планинскиот превој „Пресека“ во моментов се одвива по една коловозна лента, а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување, информираат од АМСМ. Оттаму потецираат дека сообраќајот за тешки товарни возила е сеуште забранет на овој патен правец.
Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колона. Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес е нормализиран за сите видови на возила но се одвива забавено во долга колона.
На патните правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато поради големи остатоци од снег, има забрани за движење на тешки товарни возила.
Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и по влажни коловози со остатоци од снег по коловозите.
OhridNews