Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на патот А3 Битола-Ресен, кај населба Баир, од вчеравечер во 18:30 часот е во прекин поради протест на граѓани. Сообраќајот се пренасочува низ улиците на градот Битола.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите се наместа влажни.