Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за илзез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.