Според најновите информации добиени од АМСМ , сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.Појава на магла има во Крушево со видливост од 70-100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

OhridNews