Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во северните, западните и југозападните делови од државата, информираат од АМСМ. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. На планинскиот превој Буково наместа има остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews