Остатоци од снег на коловоз има само на повисоките места после расчистување од дежурните екипи на Македонија Пат.
Поради појава на магла видливоста на патниот правец Скопје-Тетово е намалена до 60 метри, Штип густа магла со видливост само 30 метра и на патниот правец Куманово-Свети Николе кај Павлешенци до 50 метри.
На возачите од АМСМ им препорачуваат внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.