Сообраќајот на сите патишта во републиката се одвива по влажни коловози во поголемиот дел од земјата. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите, информираат од АМСМ.

Појава на магла има на патните правци Скопје- Велес со видливост 50-100м. Скопје- Куманово со видливост 50-100м. и Скопје- Тетово со видливост 50-100м.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews