Според најновите информации на Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а на некои места има остатоци од кашест снег.

Поради ниските температури можна е појава од голомразица по осојничави места, мостови, клисури, засеци.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

OhridNews