ЗАТВОРЕНИ ПАТНИ ПРАВЦИ: Во текот на ноќта, поради големи снежни наноси на коловозот воведена е забрана за движење на секаков вид возила на патниот правец Тетово-г.п. Јажинце, непроодни се 3 км до г.п. Јажинце. ЗАБРАНИ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Р- 409 крак Маврово – Дебар – Струга. На патниот правец Тетово – Попова Шапка сеуште е забранет сообраќајот за тешки товарни возила и за автобусите.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец екипите на Македонија Пат работат на расчистување на коловозот, каде во моментов сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Се очекува набрзо да се нормализира сообраќајот на овој патен правец.
ПРЕПОРАКА: На возачите им препорачуваме исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози со појава на голомразица, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
ВНИМАТЕЛНО: Посебна внимателност на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија –Удово поради честа појава на одрони.OhridNews