Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива забавено и отежнато, во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите, информираат од АМСМ.

На патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила на патниот правец Р-523 Берово-Струмица. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. До сите возачи препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Забележана е појава на голомразица по мостовите и осојничавите места. Особено да се внимава на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на одрони.

OhridNews