Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, без забрани по претежно суви и чисти коловози во пониските делови, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Местимична влажност се бележи на планинските превои, повисоките и осојничавите места, каде поради ниските температури има појава на голомразица. На возачите им препорачуваме внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината на движење. Крајна внимателност и одржување на потребното растојание помеѓу возилата се препорачува низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова посебно се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово, Маврово – Дебар и Дебар – Струга. Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.

OhridNews