Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп-Битола-Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.

OhridNews