Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
OhridNews