Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози,а на осојничавите места во западниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews