Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково. Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews