Според најновите информации добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Попова Шапка, Маврово и Пресека, но на овие делници нема забрани за движење на возилата.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

OhridNews