10.42:Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови поради врнежи од снег во земјава, информираат од АМСМ.

Снегот се задржува на коловоз и го отежнува движењето на возилата. Ова особено се однесува за повисоките планински превои. Забрани за тешки товарни возила има на патните правци: Р 409 Крак Маврово – Дебар, правец Струга – Ќафасан, Струга – Дебар, Македонски Брод – Прилеп (планински превој Барбарас), потоа планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека. За сите останати моторни возила задолжителна е употребата на зимска опрема.

На патниот правец Крива Паланка – Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила а зимската опрема е задолжителна за остнатите видови на моторни возила. Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга (Р418) поради почеста појава на одрони.

На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

OhridNews