Според најновите информации добиени во АМСМ , сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Забрана за движење има на патниот правец Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот, а поради изведување на реконструкција на мост регулиран сообраќај се одвива на патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с.Церово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews